„Блиску до себе. Чекор три… Прегледајте ги градите додека лежите, користејќи ја десната рака за проверка на левата града и обратно! Правете кружни движења со дијаметар од околу два сантиметри“ – стои на фотографијата која македонската актерка Емра Куртишова ја објави на својот Инстаграм профил.
Нејзината фотографија е повеќе од обичен едиторијал или провокација. Целта на оваа фотографија на Куртишова е подигање на свеста кај жените за борбата против ракот на дојката.
Октомври – месец на борбата против ракот на дојката! – пораката која ја носи фотографијата на Куртишова, која се прослави со ликот на собарката Исаура во последната сезона на хумористичниот ситком ТВ едиторијал – пансион „Преспав“.
Редовниот самопреглед на дојките е првиот чекор во рано откривањето на карциномот и негово лекување.
На фотографијата Куртишова го покажува третиот чекор од целосниот самопреглед кој треба да го практикува секоја жена во својот дом.
Посветете се денес на своето здравје и направете си самопреглед во домашни услови.