Познатата манекенка и актерка Меган Фокс уште еднаш успеа да го разбранува интернетот со својата објава на Инстаграм.
Имено, таа сподели серија фотографии на кои е во минијатурно зелено бикини, а се фотографирала среде џунгла.
На низата сексапилни фотографии направени среде џунгла, не успеал да им одолее ниту нејзиниот вереник за кој до неодамна не сакала ни да чуе.
„Шумата е мојата најстара пријателка“, напишала Меган под фотографиите.
View this post on Instagram
37-годишната Меган позирала во заводливи пози додека на себе носела само минијатурни бикини, а во коментари веднаш ѝ одговорил Машин Ган Кели.
„Ако вака изгледа диво животно, би дозволил да ме нападне“, ѝ порачал вереникот, што воедно е негов прв јавен коментар откако се појавија гласините дека имаат проблеми во љубовта и тоа наводно поради неговото неверство.
Меган кон почетокот на годината ја избриша секоја трага од раперот од својот Инстаграм профил и сподели мистериозна објава, а потоа се одлучи на подрастичен потег, па го избриша својот профил од популарната социјална мрежа за по некое време повторно да го активира.
„Огнена“, „Мајка на љубовта“, „Неодолива“, „Каква жена“, се само дел од многуте коментари на оваа објава на Фокс.
Фото: Принтскрин: Инстаграм/Меган Фокс/Профимедиа