На новогодишната ноќ, Јелена Карлеуша настапи во еден луксузен хотел во Белград, а со својот изглед особено ги воодушеви припадниците на посилниот пол. Иако скапо и луксузно облечена, белградската „скандал дама“ беше повеќе гол и соблечена, зашто изборот на гардеробата беше таков што повеќе нуди отколку што покрива.
Но, ако за најлудата ноќ Карлеуша беше провокативно облечена во провидна гардероба, во која телесниот раскош и го изразува енормно, следниот ден пејачката беше порно…
На настапот за “патерица“ на вториот ден од Новата година, Карлеуша се преобрази во садо-мазо“ домина!
Само по кожни танга гаќички и чизми од латекс до колкови, проѕирно боди, мрежести чорапи и високи потпетици, поп-фолк дивата од глава до петици беше како излезена од филмови за возрасни. И недостасуваа само уште камшик, лисици и ланци…
Жешкиот аутфит, го збогати со уште пожешкиот настап, па со своите провокативни еротски движења, со секоја нова секси поза ја зачинуваше својата нескротлива енергија со нова доза на естрадна перверзија… Онаква, каква што може само Карлеуша да даде… Било кога и и било каде.