Лице в Лице легенди

Аки Рахимовски последното интервју за македонски медиум го даде за „Бекстејџ“, па се потсети на Тоше: „Секогаш кога ќе го слушнам на радио, душата ми плаче“

Аки Рахимовски последното интервју за македонски медиум го даде за „Бекстејџ“, па се потсети на Тоше: „Секогаш кога ќе го слушнам на радио, душата ми плаче“

Пејачот на култната група Аки Рахимовски ненајдено почина на 67 години.

Ненајдената смрт на Аки го потресе регионот, неговите колеги, пријатели, соработници, фанови тагуваат по загубата на пејачот.

Откако пред неколку дена му биле вградени четири стента во загрепската клиника, Рахимовски во саботата колабирал додека бил на прошетка со сопругата во Ново Место, каде што живееше последните години и подоцна починал во тамошната болница.

Последното интервју за македонски медиум, Аки го даде за естрадниот магазин „Бексјтеџ“.

 

Во интервјуто тој зборуваше за мозочниот удар, за кариерата, а се потсети и на Тоше Проески.

-63 години, па мора нешто да ме погоди. Сега се е добро, се е океј. Нешто не смеам да јадам, во секој случај подготвен сум да одиме понатаму, вели Аки.

-Ова ми е втора младост. Се чувствувам се уште млад и се уште сум полн со енергија, вели Аки.

Аки често се сеќаваше на  Тоше, но не сакаше во јавност многу да зборува за него.

-Јас не сакам многу да зборувам за Тоше. Тоше е личност со која се дружев и секогаш кога ќе го слушнам на радио или ќе гледам интервјуа душата ми плаче, вели Рахимовски.

Инаку, денес (25.01.2022) Тоше Проески ќе наполнеше 41 година.

Вечна слава легенди.

To top