Радио Милева
негова крв

Аки не сакаше да зборува за приватниот живот: Остави син и две ќерки од два брака и една невенчана партнерка

Аки не сакаше да зборува за приватниот живот: Остави син и две ќерки од два брака и една невенчана партнерка

Аки Рахимовски ненадејно почина утрово, на 22 јабуари 2022 година  на 67-годишна возраст. Тажната вест ни ја потврди неговиот менаџер Дамир Осредечки. Му се слошило и завршил во болница во Ново Место, каде на крајот починал.

Аки Рахимовски, еден од најдобрите, најсугестивните, но и најзначајните машки вокали во регионот е добитник е на бројни награди и признанија, а она што вечно ќе се памети се песните и албумите кои ги остави со своите  колеги од „Партни ваљак“  во наследство. „Страница дневника“, „Неда“,  „Заставе“, „Доѓи“, „Моја је пјесма лагана“,  „Све још мирише на њу“… се само мал дел од отпеаните песни кои ќе останат засекогаш.

Рахимовски никогаш не сакал да зборува за својот приватен живот. Од првиот брак го има синот Кристијан кој исто така е музичар, а ќерката Едина ја добил со втората сопруга со Ингрид. Неговите поранешни сопруги се непознати за јавноста, а Аки ретко јавно зборуваше за врската и релациите со синот Кристијан. Само кажа дека Кристијан е неговата крв од која не може да избега и дека целото семејство знаело да се собере во Скопје на заедничките семејни прослави.

Пред две години пејачот го доби третото дете, ќерката Антонија со неговата последна партнерка Барбара.

Инаку, пред две години Аки имаше и мозочен удар, по кој се опорави и тогаш рече дека не размислува за пензија.

„Најпрвин и благодарам на публиката за разбирањето и што продолжи да ме сака и поддржува. Знам колку им значам на луѓето и пораките за поддршка што ми ги испратија  исто толку многу ми значат и мене. Покрај публиката ме поддржа и моето семејство. Беа со мене за време на мојата болест, но и кога реков дека и се враќам на музиката“ – изјави тогаш пејачот.

„Мојот живот е музика, не знам што би правел подобро од тоа“ – изјави тогаш Аки… И навистина животот мубеше музика, преточена во незаборавни песни и стихови, со душа и од срце отпеани, песни кои  ни ги подари на сите нам за да останат веќни евергрини! 

Збогум Аки… Патувај и пеј им на ангелите… Тие ќе знаат да ја слушаат твојата “пјесма лагана“!

Фото: Инстаграм принтскрин/parnivaljak – Official Instagram Profile

Останати вести од Радио Милева