На интернет каналот Јутјуб, денес (01. Август) осамна музичката тема на „Ајга“ заедно со видео запис за песната „Macedonia forever“.
Музичката тема се оградува од сите политички партии,организации,личности, а истата доби поддршка од невладината организација „Млади за Македонија“.
Музиката и текстот ги потпишува Дарко Тасевски, додека аранжманот е авторство на Иван Тренчевски и „IT music production“.
Видеото кое визуелно ја надополнува оваа песна е изработено од Никола Витановски –Кољо. Најголем дел од кадрите се снимени во центарот на Скопје, односно плоштатот „Македонија“, како и на локации кои се значаен белег на нашата земја меѓу кои и „Хераклеа“ во Битола.
Погледнете ја „Macedonija forever“ на Ајга: