Мегафон

„Ај Кју“ ја заврши промотивната евровизиска турнеја со настап во Мадрид

„Ај Кју“ ја заврши промотивната евровизиска турнеја со настап во Мадрид

Втора година по ред повеќе од дваесет делегации земаа учество на промотивен евровизиски настан во Марид во организација на специјализираниот медиум eurovision-spain.com.

Повеќе од 17 години овој евровизиски веб портал е еден од водечките во Шпанија, кога станува збор за информирање, коментар и следење на најгледаното телевизиско шоу во Европа – Евровизија.

Во контекст на заложбите за придонес кон целиот евровизиски амбиент во Европа, тимот на eurovision-spain.com во 2017-та година ја организираше и својата прва евровизиска забава, а одличните критики и позитивните реакции од публиката и делегациите направија годинава оваа забава да биде официјализирана и од ЕБУ.

Освен тоа што за евровизиските ѕвезди беше организирана пресконференција и средба со медиумите, тие има прилика да продефилираат и на црвенот килим пред пројните обожаватели, а главен настан беше концертот во легендарната Сала Ла Ривиера , кадешто и македонските претставници Ај Кју во живо ја претставија „Lost and Found“ .

На сето ова му претходеше и специјален концерт на којшто настапија познати шпански изведувачи, како добредојде за еврвизиските делегации и уште една можност да се слави европската музика.

„Настапот во Мадрид беше кулминација на се она што се случуваше во рамки на нашата промотивна турнеја. Публиката во Мадрид беше фантастична, на наше големо задоволство и овде евровизиските фанови ја знаеја „Lost and Found“ напамет и ја пееја со нас во хор каде и да не сретнеа. Нема поголема радост за еден музичар од тоа!“ – вели Бојан од Ај Кју.

Тој исто така додава дека иако се наближува фестивалот, сепак не се чувствува компетитивност меѓу учесниците , туку напротив сите уживаат во овие заеднички моменти коишто за учесниците на Евровизија се бесценети и размислуваат како сето ова дружење да прерасне во една соработка и по Евровизија.

За Ај Кју ова беше и последен настан од промотивната. Следуваат завршните подготовки пред заминувањето на македонската евровизиска делегација за Лисабон на 28-ми април.

Извор: МРТ /А.Ј.

 

To top