Велат дека оној кој успеал барем малку да го сочува детето во себе, тој е посреќен човек. Пејачот и еден од најплодните домашни композитори, Роберт Билбилов, се наврати три децении наназад кога семејните фотографии се уште се изработуваа во црно-бела техника.
Роберт го преплавија спомени од едно далечно време, сеќавања кога беше малечко и безгрижно детенце.
Тој на својот Инстаграм профил сподели стара фотографија на која е заедно со неговата постара сестра која досега не ја покажал јавно.
-Јас и мојата сестра, пишува Билбилов во описот на фотогрфијата од минатото.
Роберт е доста активен корисник на социјалните мрежи, но на објавите најчесто е во своето студио каде поминува најмноу време. Овој пат направи исклучок, веројатно поради носталгија по детството или по сестра си која одамна живее во Америка.