Младиот македонски фолк пејач Александар Темелков, кого пошироката публика го запозна и по учеството во неколку регионални музички натпревари меѓу кои и „ѕвездите на Гранд“, полека но сигурно ја гради своја кариера. Тој веќе има неколку авторски песни позади себе и е блиску до реализација на својот прв албум.
„Ах, мори Магде“ е неговата најнова песна за која стиховите ги напишала младата Ангела Стрезовска, а музиката и аражманот се на Славко Ристески.
Песната е снимена во студиото „просаун продакшн“ во прилеп, а ртрубата во песната ја свири познатиот Филип Нуне.
Александар под покровителство на „Ин продукција“ сними и видеозапис за оваа песна, која деновве го промовираше во етерпот и на Јутјуб каналот.
Како звучи и изгледа „Ах мори Магде“ проследете во продолжение: