Радио Милева Дали и се врати на Јелена?

„Ах љубов!“: Обожавателките воздивнуваат по Душко Тошиќ, а еве со кого се појави како гостин на свадба (фото)

„Ах љубов!“: Обожавателките воздивнуваат по Душко Тошиќ, а еве со кого се појави како гостин на свадба (фото)

Сопругот на Јелена Карлеуша повторно е во Белград. Фотографијата на Душко Тошиќ покрена лавина коментари, а први меѓу нив беа коментарите на воодушевените обожавателки, кога го видоа Душко Тошиќ како позира во дворот на семејната вила, што сведочи само за едно – се врати во гнездото.

„Ах љубов“, напиша една од нив.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Сепак, тој се уште не ги објавил во јавноста деталите од неговото помирување со сопругата, што никогаш не било негов начин, а сепак коментарот на неговата поубава половина бил донекаде очекуван. Но, и Јелена овој пат избра да молчи и да помине низ примирјето во тишина со сопругот.

Фотографијата на Душко Тошиќ предизвика и бројни комплименти, бидејќи како и секогаш елегантен се одлучи за совршената комбинација на облека која ја носеше на свадбата на внуката на Ѕвездан Терзиќ.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dusko Tosic (@duskotosic)

Но, имаше и такви кои се прашуваа кој го придружува Душко Тошиќ за оваа свечена пригода. Јелена, која имаше настапи за време на викендот, очигледно била спречена, па нејзиниот сопруг овој пат заминал на свадба сосема сам, но одлично се забавувал во друштво на пријатели од светот на фудбалот.

To top