ТВ водителката Милена Антовска од неодамна се врати пред камерите од утринската емисија „Здраво Македонијо“, откако заврши нејзиното деветмесечно породулно отсуство.
Секој период на адаптација по разни животни промени не е лесен, за едни завршува брзо, додека други потешко се прилагодуваат.
Но, кога е мајчинството во прашање, независно дали жената е мајка за првпат или е искусна со деца, фазата на почнување на работа и одделувањето со бебето на неколку часа е навистина еден бурен емотивен период.
View this post on Instagram
Милена за работата е подготвен во топ форма пред камерите, но моментот дека треба да го остави бебето кај баба и дедо или во градинка, засега вака веднаш по породилното, вреуваме не и е едноставен.
Лана Марија, првата ќерка на Милена и Гордан веќе има пет години и се чувствува како голема дадичка, но малата Јоана има само 10 месеци, возраст за која на мама Милена не и се верува дека бебенцето кое и беше во стомакот, пораснало толку.
View this post on Instagram
-Оваа мала смешка ја родив пред 10 месеци:) Ах кога поминаа?
Децата за родителите секогаш остануваат деца, а останува и радоста, среќата и неизмерната љубов од Бога дадена.
Сепак, тука се и преслатките моменти од кои се топиме од среќа кога се враќаме дома и ја добиваме најискрената насмевка и прегратка.