Промотер

Агни Авшар во потрага по смислата на животот во – „Сознавам“ (ВИДЕО)

Агни Авшар во потрага по смислата на животот во – „Сознавам“ (ВИДЕО)

Македонската музичка сцена има  потреба од нови имиња кои ќе ја освежат, но и ќе понудат малку поинаков звук од сето она што досега сме навикнати  да го слушаме. Една од нив е и младата вокална интерпретаторка Агни Авшар.

Веројатно повеќето од вас се’ уште не го имате слушнато нејзиното име и презиме, но професионалните познавачи на музиката веќе го препознаваат исклучителниот квалитет на перформансот на Агни. Многумина за Агни ќе кажат дека нејзиното време допрва доаѓа и верувајте дека е така. Таа вчера, понеделник 11октомври 2021 г. преку социјалните мрежи ја објави својата прва песна „Сознавам“.

Песна на која како автор на музиката и аранжманот се потпишува феноменалниот Никола Мицевски, додека пак текстот го потпишуваат Бети Јанковиќ и Рената Кралевска. Ако баравте квалитетна, а поразлична музика, токму тоа и го нуди Агни Авшар. Таа вели дека компромис нема да прави кога станува збор за квалитетот. Впрочем, за создавањето на оваа приказна беше потребно повеќе од една година.

„Сознавам“ е песна со автобиографски карактер која преку симболичен артистички израз илустрира животна приказна на млад човек кој попатно застранува, но со решителност и стремеж зачекорува во правец на духовно осознавање. Ова музичко дело, од идеја до реализација, е креативен плод на мојата духовна учителка Бети Јанковиќ. Бескрајно сум благодарна на честа да бидам вокален интерпретатор на оваа композиција и се надевам дека истата ќе ги инспирира слушателите и ќе иницира чувства на ентузијазам, оптимизам и верба во себе“ – вели прекрасната Агни.

Инаку Агни со својот тим снимија и прекрасен видеоспот на неколку локации во Македонија на кој како режисер се потпишува познатиот Дарио Јанковиќ. Покрај фасцинантните кадри во него, специфичната костимографија, во видеото се појавува и еден од најпознатите светски диџеи – DJ Talamasca.

To top