Агнеса Органџиева важи за една од најубавите жени кај нас, меѓу познатите. Особено сега, откако на вишокот килограми им кажа збогум, а претходно преку ноќ стана позната и славна по својот „неславен развод“ со кој со денови и недели беше главна тема во чаршиските кулоари, на социјалните мрежи и на насловниците на медиумите.
Покрај својата примарна професија во јавниот сектор, инфлуенсерството и стана втора неформална професија, па така нејзиниоте профили на социјалните мрежи, особено оној на Инстаграм неретко го полни и со фотографии и рекламни фотосесии на кои маркетингот на разни производи и услуги им е примарна цел.
Во деновите кога „се кршеа копјата“ во нејзиниот сега веќе непостоечки брачен живот, и во своите изјави и самата тврдеше дека нејзините родители и се главно прибежиште и најголема поддршка, зашто што и да се случи, секогаш има каде да се врати.
За деновите во кои го правосланите христијани го славеа големиот празник – Воскресението Христово – Велигден, Агнеса покажа три нешта: Од кого ја наследила убавината, а можеби и она што ја прави вешта домаќинка и секако инфлуенсерското умеење… И тоа сите три нешта на дело.
Најпрвин русокосата споделила фотографија со нејзината мајка, за која и самата во неколку наврати истакна дека убавината ја наследила од неа, од мајка, Гордaна Органџиева, која исто наликува на негувана жена која изгледа одлично за своите години.
„Моја мами“ – споделила заедно со фотографијата Агнеса, па многумина искоментираа дека во главните црти личи на неа, а некои дури и тврдеа дека таа е копија на нејзината мајка!? Како и да е, евидентно е дека „прилично генетика се пресликало кај русокоста барбика“. Она пак што не го сторила генетиката, го надополнила пластиката!
Како и секоја добра домаќинка и Агнеса била вредна па велигденските денови ги збогатила со она што го налага традицијта – вапсање јајца. Дека естетиката не и недостасува покажаува самата декорација на велгденските јајца во големата овална чинија кои русокосата ги изложила, па покрај фотографијата во коментарот ја споделила и велигденската честитка:
„Честит Велигден!
Ви го честитам најголемиот христијански празник, и ви посакувам многу, здравје, радост, успех и слога! Од срце на сите им посакувам смирение и срцата да ви бидат исполнети само со љубов, оти нашиот бог се жртвуваше за нас заради преголемата љубов кон нас, земајќи ги врз себе нашите гревови“.
Но, само ден пред големиот христијански празник, Агнеса не пропушти да ги покаже и своите инфлуенсерски вештини и умеење. Во бојадиасувањето и украсувањето на велигденските јајца кај неа нема ука, а инфлуенсерските способности ги покажа на дело… во Шутка!
Имено, таа заедно со нејзиниот голем пријател Зоки – Фаци со кого во последно време се неразделни, ден пред Велигден отиде да сподели реклама во еден од мноштвото улични бутици за машка гардероба на базарот во најголемата и најпозната ромска населба во Македонија.
Бесплатна шопинг тура со гратис превоз до базарот во Шуто Оризари за секој што ќе посака таму да пазари… А низ видео-најавата на оваа инфлуенсерска коњуктура ве водат вашиот домаќин Зоки – Фаци и русокосата инфлуенс-хостеса, мадам Агнеса:
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/agnesaorgandzieva