„Луѓето беа затворени дома и тоа им дојде како шпанска серија. Ама, мило ми е што добив голема поддршка од жените, а некои од нив ми кажаа и дека после мене и тие собрале храброст за да се разведат. Сите сакаат да живеат среќно, никој не сака да е во брак кај што сте како брат и сестра“, вели Агнеса за „Репортер“.
Во најтешкиот период најмногу ѝ помогнале ќерките Вивиен и Тифани, со кои е многу блиска. Вивиен, која ја родила на 20 години, сега е на студии во Словенија, па се слушаат секој ден на видео-повик.
„На почетокот многу плачев, ѝ се јавував по 3-4 пати на ден, ама ми олеснуваше кога ќе ја видев насмеана. За секоја мајка тоа е најважно“, искрена е таа.
Со Агнеса, која важи за една од најпознатите инфлуенсерки кај нас, разговаравме во нејзиниот дом.
Ни покажа каде живее и кои ѝ се омилените парчиња облека. Со ќерката Тифани ни раскажаа и за змијата Раја, кралски питон, која им е домашен миленик скоро една и пол година.
Отворено зборуваше за тоа кој ѝ го дал името Агнеса, во какви односи е денес со поранешниот маж…
И дали тој ѝ се извини за јавните навреди, како дозна за неговиот статус, но и за мажите што се плашат да ѝ пријдат, колку им попушта на ќерките, па ја убедиле дома да чуваат змија, каква мајка е, но и каква е кога ќе седне во кафеана…