Афро ѕвездата Феми Кути и Македонската филхармонија со заеднички концерт

29 Мај , 2018 Мегафон

Афро ѕвездата Феми Кути и Македонската филхармонија со заеднички концерт

На спектакуларниот музички настан којшто ќе се случи на 7 јуни (четврток) во Градскиот парк во Скопје, заедно со Македонската филхармонија, а под диригентство и во аранжмани на Џијан Емин, со почеток од 21.00 часот ќе настапи славниот африкански вокалист Феми Кути, кој доаѓа со неговиот бенд „Позитив форс“. Дел од неговата музика за првпат ќе биде изведена, односно аранжирана за симфониски оркестар.

Со миксот од тн. енергетски набиен фанк, џез, реге и традиционални африкански ритми, Феми Кути отворено зборува за политичката корупција, сиромаштијатата, лошите животни услови, диктаторскиот режим… во родната Нигерија, како и во светот. Тој годинава го издаде албумот „One People One World“.

 

, , , , , ,


Comments are closed.