Радио Милева Разни приказни

Адвокатот на Тошиќ проговори дали Душко и Јелена решиле да му дадат шанса на бракот

Адвокатот на Тошиќ проговори дали Душко и Јелена решиле да му дадат шанса на бракот

Откако Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ објавија дека ставиле крај на бракот, медиумите не престануваат да шпекулираат за причините за разводот, а се шпекулира и за помирување. По тој повод, екипата на „Курир.рс“ реши да стави крај на шпекулациите и стапи во контакт со адвокатот на Душко, Никола Премовиќ.

Адвокатот рече дека фудбалерот ги негира наводите дека повторно е со пејачката и дека преговорите за спогодбен развод се уште траат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dusko Tosic (@duskotosic)

– Душко и Јелена Карлеуша се во преговори за спогодбен развод. Јас сум во контакт со Јелена и нејзините адвокати и се надеваме дека наскоро ќе се постигне мирно решение, пред се имајќи ги предвид интересите на нивните малолетни ќерки. Во име на мојот клиент ги демантирам сите други медиумски наводи поврзани со таа тема како невистинити – изјави Премовиќ.

Да потсетиме, медиумите објавија дека Јелена и Душко решиле да му дадат уште една шанса на бракот, а за сето тоа е виновна сестрата на Душко, Катарина. Таа цело време била во контакт со Јелена и често воделе долги разговори за се’. Сестрата на Тошиќ е многу блиска со својот брат и со својата снаа, па сфатила дека и двајцата биле пребрзани со одлуката за развод, поради што направила ситуација Душко и Јелена повторно да разговараат за се’.

фото:Инстаграм/Душко Тошиќ

To top