Познатата пејачката Бритни Спирс на суд се обидува да ја реши ситуацијата со нејзиниот татко кој и стана старател пред 12 години кога пејачката доживеа нервен слом.
Пејачката сака повторно да има контрола над своите финасии и сама да донесува одлуки, а за тоа на суд се бори нејзиниот адвокат Сам Ингахама, а судејќи според изјавите кои ги даде за клиентката, не и прави ништо во корист.
„ТМЗ“ дојде до транскрипти од судот во кој пишува дека адвокатот за Бритни рекол дека е како пациент во кома и дека е тоа е најдобар начин на кој може да го опише нејзиното здравје. Поради тоа смета дека Бритни мора да има адвокат бидејќи не е способна сама да потпишува некои документи и дека не знае што потпишува.
Фановите на Бритни се загрижени за пејачката и на социјалните мрежи започнаа кампања под хаштагот #FreeBritney.