Радио Милева

Адвокатите откриваат: Јелена Карлеуша ќе оди во затвор?

Адвокатите откриваат: Јелена Карлеуша ќе оди во затвор?
фото: мирко родиќ

Доколку полицијата утврди дека заканите за смрт на една новинарка започнале откако Јелена Карлеуша јавно ги објавила нејзините податоци на „Инстаграм“, на пејачката Јелена Карлеуша и се заканува казна затвор од шест месеци до пет години поради загрозување на безбедноста на новинарка, но и поради загрозување на безбедноста на членовите на нејзиното семејство, пишува „Ало“.

Имено, како што објаснува адвокатот Светозар Вујиќиќ, Карлеуша со објавување на приватното видео со текст која повикува на линч свесно ја загрозила нејзината безбедност на лицето кое си ја работело само својата работа.

фото: дејан бриза

„Доколку една јавна личност со објавување на приватни фотографии и видео, на фановите им порачува нешто негативно за одредена личност, таа свесно праќа порака до луѓе од кои очекува реакција. На тој начин учествува во напади “ вели адвокатот и додава:

„Доколку се докаже дека заканите започнале во оној момент кога госпоѓата Јелена Карлеуша објавила приватни видеа и податоци, па јавно ги повика фановите на линч, ќе се соочи со сериозни правни последици. На Карлеуша и се заканува казна затвор од шест месеци до три години поради директно загрозување на безбедност“ вели адвокатот и објаснува дека казната може да биде и поглема доколку се утврди дека е загрозена безбедноста на членовите на семејството.

фото: Принтскрин/инстаграм

„Оној момент кога Јелена Карлеуша ќе добие покана од полицијата и кога ќе биде поканета на информативен разговор, нејзина должност е да се појави. Доколку ја избегнува поканата, тогаш полицијата треба да ја приведе и да ја сослуша“ заклучува Светозар.

Останати вести од Радио Милева