Радио Милева насмеана и таинствена

Адријана Кеш славеше роденден: Фолкерката не ги криеше годините, ама затоа „насмеаното маче“ не откри со кого го подели роденденското колаче? (ФОТО)

Адријана Кеш славеше роденден: Фолкерката не ги криеше годините, ама затоа „насмеаното маче“ не откри со кого го подели роденденското колаче? (ФОТО)

Фолк пејачката Адријана Ацевска  попозната како Адријана Кеш не е од оние јавни личности кои постојано бомбардираат со објави на социјалните мрежи, но кога го прави тоа е толку впечатливо, што го надополнува времето кога нема нешто ново да исфрли на музички план во етерот..

Патувањето и одморот со колешката Ирена Вељовска на егзотичниот Занзибар, новите фотографии од различните фотосесии кои ги направи неодамна, како и јавното отворање на душата за проблемите со анксиозноста и паничните напади кои се дел од нејзиниот живот, за  кои неодамна  и отворено проговори, се нештата по ко Адријана ја имаше во последно време во јавноста.

Но, овој пат г-ца Кеш имаше малку поинаков повод за фалење… Или пточно – за славење! Денот што го чекаме цела година, за да означиме дека сме постари, или ако сакате повозрасни за уште една година.

На дамите оддамна сме рекле дека не им се бројат годините, освен ако самите со нив не се „пофалат“ и не ги откријат, како во случајов македонската фолкерка.

„Раатот започнува со насмевка“ – напиша Адријана покрај една од новите фотографии, па токму така и го започна славењето на роденденот – со широка насмевка на лицето, на кое карминот од сочните усни го развлече од „уво до уво“, додека во рацете ја држи чинијата со слаткиот мафин на која горат свеќичките со бројката на годините од животот.

„Изгледам како на 18, се чувствувам како за 14, се однесувам како за 8,  а тоа ме прави да имам 40… Нека ми среќен роденденот“ – споделила госпоѓица Кеш покрај фотографијата. И ако ги соберете бројките: 18+14+8… навистина нивниот збир дава 40. Останатото е само лична перцепција на пејачката, која пак не ги криеше годините, ама затоа не откри нешто друго… Што можеби многу повеќе ги интересира многумина „соло кандидати“, а и јавноста:

Со кого тоа „насмеаното маче“  го подели роденденското колаче?

Фото: Инстаграм принтскрин/adrijana_acevska/drd media

 

To top