Радио Милева Слични или не?

Адријана Кеш се спореди со Цеца Ражнатовиќ: Дали оправдано ја бара сличноста со фолк дивата? (фото)

Адријана Кеш се спореди со Цеца Ражнатовиќ: Дали оправдано ја бара сличноста со фолк дивата? (фото)

Фолк пејачката Адријана Ацеска неодамна се одлучи за промена на имиџот и ја затемни нијансата на косата која сега исто така е пократка, а направи и шишки.

Оваа промена очигледно им се допадна на многумина од нејзините обожаватели и следбеници кои не само што сакаат поскоро да ја слушаат како пее на сцена, туку и да ја гледаат.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/adrijana-kesh-go-smeni-imidzot-ama-dlabokoto-dekolte-go-sobra-celoto-vnimanie-foto/

Анализирајќи се смата и разгледувајќи фотографии на социјалните мрежи, Адријана Кеш дојде до мислење дека наликува на српската фолк дива Цеца Ражнатовиќ. Нова фотографија од себе и нова од профилот на Цеца беше споредена на „стори“ објавите на нашата фолк пејачка која за ваквата споредба напиша:

„Ја мислам…шознам…“ дополни како опис.

Од приложеното сличноста е несомнено да не се забележи, особено насмевката.

На фотографијата Цеца изгледа прекрасно, но со шминка и на професионлна фотосесија, додека наша Адријана е во лежерно издание и без шминка, а белеска и таква, без сценско светло и гардероба.

Дали наша Кеш може да се носи со споредбата  македонската Цеца кога е изгледот во прашање?

To top