Дел од пејачките на македонската фолк естрада покрај професионалните, имаат и одлични приватни релации! Така, Сани Гроздановска, Ирена Вељовска, Татјана Трајкова, Адријана Кеш… засилени со уште неколку пријателки кои не се дел од естрадата, постојано се дружат. Во кафеана или дома – сеедно.
Малата одбрана женска фолк екипа на пример, на 12 март, го славеше 8-ми Март… Со мало, но оправдано здоцнување, заради личните професионални обврски кои секоја од пејачките ги имаше за денот на жената. Конечно поводот не е важен – најважна е дружбата! Во кафеана – како дома!
А таквата нивна дружба само неколку дена подоцна имаше реприза! Овој пат – со повод! Имено, фолк пејечката Адријана Кеш го славеше својот роденден! Не пристојно на дамите да им се бројат годините, ама е пристојно да се пофалиш со фотографија кој се’ дошол да ти честита, како што тоа го направила Адријана на својот Фејсбук профил!
Дека (фолк) „кралицата“ е родена токму на тој ден – дознавме од неа, ама дознавме и кој се бил на малата роденденска забава… Овој пат, навистина – дома, ама за чудо и повторно – само женска!?
Ајде, за 8-ми, 12-ти… кој ли веќе е март, и не е чудно само жени да слават в кафеана, ама за роденден?! Особено ако на профилната фотографија на истиот тој Фејсбук на Адријана Кеш и стои: In a relationship, или: во врска!
Во врска или без врска, нема да навлегуваме во суштината, ама едно е сигурно: фолкерката роденденот го славеше – соло! Другарките, ем колешки – не се сметаат. Зошто не влегуваат во категоријата: In a relationship!
Ама, како и да е, со или без „крал“, фолк „кралицата“ и соло, за роденденот си помина добро! Барем според веселиот израз на лицата и насмевките на одбраното женско друштво!