Радио Милева без маска

Адријана Ацеска со емотивна исповед за излезот од мракот на анксиозноста: „ Се борев за воздух!“

Адријана Ацеска со емотивна исповед за излезот од мракот на анксиозноста: „ Се борев за воздух!“

Кога си јавна личност пред очите на народот мора да се биде онаков каков што тие те знаат, доживуваат и имаат слика за тебе. Песната можеби доаѓа оттешко, но за пејачите таа мора да биде отпеана, иако во моментот можеби не им се пее.

Работата не може да трпи, дури и кога им е најтешко, можеби на само на сцена, туку и подолго… Анксиозност, панични напади, депресија, некој ќе каже дека тоа се измислени состојби на умот од модерното време, но всушност тие се тажната реалност со која се соочуваат многумина, меѓу кои секако и јавните личности.

Она што е позитивен пример и кај нас, е тоа што се повеќе познати ликови проговорија и се исповедаа дека имаат ваков психолошки проблем со кој се справуваат и го бараат вистинскиот метод како да си помогнат.

Меѓу последните е фолк пејачката Адријана Ацевска која откри дека анкциозноста и паничните напади се дел од нејзиниот живот, а за ова знаат и нејзините најблиски и колегите, но сега се реши за проблемот да зборува јавно, а со тоа да биде поддршка и на останатите кои се соочуваат со истото.

Иако изгледа одлично и навидум, значи со енергија од која не би претпоставиле дека нешто ја мачи, но таа вели дека јавните личности со себе најчесто носат две маски, онаа среќната и тажната. Зборовите „не паничи, не плаши се“ биле оние што се’ почесто почнала да ги слуша, а за ваквите непријатни моменти, таа вели:

-Kај мене тие зборови , на почетокот во многу наврати делуваше позитивно за денес да ми премине во пракса гласно да си го изговарам секогаш кога ќе почувствувам потреба. Паничните напади не доаѓаат со предупредување. На почетокот ниту самата не бев свесна што ми се случува. И покрај тие проблеми останав професионалец во својата работа и не дозволив никој да забележи освен колегите кои веќе знаеја за мојот проблем… Одев до тоалет… се борев за воздух и останував таму сѐ додека не си дојдев на себе за кога ќе се вратам да продолжам таму каде што сум застанала, во тие моменти не знаејќи што ми се случува. Во тие моменти бев и хипохондрик и во мојата глава боледував од сите болести на кои ќе се сетев во моментот за на крај да се покаже дека сѐ е само еден обичен паничен напад кој денес добро знам да го контролирам со коцка мраз и длабоко дишење, вели Ацевска во својата исповед за Вечер.мк

Најчесто на сите ни е тешко да си ги признаеме најпрвин самите на себе проблемите кои не мачат, па кога ќе решиме да си ја отвориме душата, тогаш светлото од тунелот појасно се гледа.

Дека анкциозноста, депресијата, паничките напади се или биле дел од нивното секојдневие, досега проговорија и водителката Милена Антовска-Станковска, Панчо ДНК, Миа Костова, камионџијата и инфлуенсер Дарко Влогс, а сега и пејачката Адријана Ацеска.

Поддршката дека некој друг е тука со тебе, а и дека се соочува со истото, ја јакне врбата за подобри денови и влева мотив за чекор поблиску до вистинските насмевки и живот без потреба од маски.

фото:Инстаграм/Адријана Ацеска/@d.r.d_media

To top