Адријана Лима со месеци добивала навреди на социјалните мрежи бидејќи се здебелила во третата бременост. Прво на луѓето им пречело тоа што носи фустани кои го откриваат нејзиниот труднички стомак, а потоа кога се породила, бурните коментари продолжиле бидејќи, замислете, не ја вратила тежината од пред бременоста.
View this post on Instagram
Нејзиниот физички изглед со месеци е топ тема на социјалните мрежи, а потоа манекенката на Инстаграм сподели нови фотографии кои потсетуваат на Адријана од нејзините денови кога ја красеше пистата како ангел на Викторија Сикрет.
И тогаш сите замолчеа.
View this post on Instagram
„Истакнувајќи ја вашата мајчинска сензуалност и прифаќајќи го вашиот изглед во транзиција“, напиша манекенката за фотографија на која е во сензуален златен фустан.
Покрај следнава фотографија на која во преден план е нејзиното лице, манекенката едноставно напиша:
„И токму така, таа се врати“.
View this post on Instagram
Со овие коментари Адријана веројатно го најави своето враќање во светот на манекенството или само одговори со недолични коментари со кои се соочува веќе некое време.
Во секој случај, Адријана е една од најпознатите и најплатените супермодели – и по тоа сите ќе ја паметат.
фото:Инстаграм