Тамара Тодевска е една од најактивните пејачки на социјалните мрежи, па често знае во кратките приказни на „Инстаграм“ да сподели некоја секојдневна активност.
Тодевска своето слободно време сака да го поминува во кругот на своето семејство, па така секогаш има прилика „бега“ од обврските и активностите и се препушта на семејната идила.
Освен музиката, нејзините деца Хана и Дарен, како и сопругот и ги полнат батериите, а таа често истакнува колку и се важни во нејзиниот живот, па нивните заеднички дружања им донесуваат спомени кои ќе ги паметат.
И кога работните обврски се ставени на „пауза“, Тамара обожава времето да го поминува на разни начини.
Така деновиве, Тодевска посети едно лизгалиште во Скопје, па како што истакна самата се вратила на поранешна страст, односно се врати на лизгање на мраз.
Имено, таа во кратките приказни на „Инстаграм“ покажа како се лизга на лигазлиштето, а во описот на истото напиша:
„Мојата стара страст“.
На пејачката друштво и праваше нејзината ќерка Хана која мама ја учеше како да лизга.
За потсетување, во декември претходната година, синчето на Тамара наполни една година, а нејзината ќерка Хана оваа година ќе наполни 4 години.