Промотер

Адреналин бенд ќе ви го кренат адреналинот со нивната „Летна шема“ (ВИДЕО)

Адреналин бенд ќе ви го кренат адреналинот со нивната „Летна шема“ (ВИДЕО)

Групата „Адреналин“ постои околу  година и половина и е составена од 5 члена. Очигледно според конципираноста на бендот, но и  стилот на музицирање момчињата тргнале по патот на едни „Арија“, „Браво бенд“ или „Либеро бенд“… кои веќе се длабоко етаблирани во таквата музичка определба и правец, а „Адреналин бенд“ се најдобар пат да ги стигнат.

Нивната песна „После тебе“ која  всушност беше преработка на еден познат грчки хит и скокотливото видео за неа им помогнаа да станат познати на пошироката јавност.

Деновиве момчињата исфрлија нова песна и нов спот со наслов „Летна шема“. како што кажува и самиот наслов и  песната и видеото се во духот на летото, со лесен ритам, певливи стихови, песна како создадена за опуштање, релаксација, плажа, вода, добро друштво, згодни момчиња и убави девојки…

Слушнете ја песната која нпретендира да биде нов летен хит и погледнете го видото за „Летна шема“:

To top