Радио Милева зимска еротска идила

Аделина Тахири се разголе на студот: Голо стомаче и танга на снегот (фото)

Аделина Тахири се разголе на студот: Голо стомаче и танга на снегот (фото)

Надвор е „камен“ студено, па од дома не излегуваме без своето капче, капут, зимски ракавици…или ако сме дома го пиеме топлото чајче.

Некои од македонските јавни личности го искористија слободното време и стартатот на годината за да заминат некаде на зимување за да уживаат на снегот.  И да, и за таму ја  подготвија зимската опрема, од облека до скии кои ќе ги искористат на тазе паднатата снежна покривка.

И додека ние се топлиме и се чуваме од времето, пејачката Аделина Тахири повторно ги руши табуата и прави исклучок.

Додека пред некој ден Миа Костова и Елена Стефановска ги видовме облечени во дебели џемпери, јакни со капи и шалови, Тахири повторно беше поразлична  од другите.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/podaleku-od-sekojdnevieto-i-obvrskite-mia-kostova-i-elena-stefanovska-uzivaat-vo-zimska-idila-foto/

Имено, пејачката периодов ужива на зимски одмор,  но ниските температури не и прават проблем да се соблече и да го покаже голото стомаче.

фото: Принтскрин/инстаграм

Таа на социјалните мрежи објави фотографија на која позира во снегот, но фокусот е на нејзиното голо стомаче и облините, а под зимската опрема јасно се гледаат и танга гаќичките на пејачката. Сигурно многумина брзо го свртеле погледот на она што се наоѓа под дебелата јакна, а пејачката баш и има со што да се пофали.

Фотографијата за краток период собра повеќе од 10 000 лајкови, а под неа се нижеа само позитивни коментари на сметка на нејзиниот изглед, виножитото над брегот и зимската еротска идила на снегот.

фото: принтскрин/инстаграм/аделинатахири

Аделина Тахири уште еднаш го покажа своето вито тело, како и дел од својата интима, па потврди дека, за неа нема зима! На ниту едно поле!

To top