Радио Милева

Има се, може се: Аделина Тахири се подготви за Нова Година ама едвај се изнесе со украсите од продавницата – касиерките шашардисани!(фото)

Има се, може се: Аделина Тахири се подготви за Нова Година ама едвај се изнесе со украсите од продавницата – касиерките шашардисани!(фото)
фото: Инстаграм/аделина тахири

Oстанува нешто повеќе од еден месец до крајот на оваа и почетокот на следната година, а веќе започна да владее новогодишната атмосфера. Главниот град веќе е украсен, а во големите маркети и продавници веќе се продаваат новогодишни украси, елки, декорации.

Оние кои ја слават Нова година веќе размислуваат каде ќе бидат за најлудата ноќ, а познатите јавни личности од светот на музика со месеци однапред го имаат закажано настапот за 31 декември.

Новогодишна еуфорија и треска ја фати и албанската пејачка Аделина Тахири која наполни неколку колички со новогодишни украси. Имено, пејачката посети една специјализирана продавница каде купи се што и е потребно за Нова година, а во описот на својот „Инстаграм“ напиша: „подготвена“. За нејзиното подготвување, касиерките веројатно беа шашардисани од глетката бидејќи има полни раце работа.

фото: инстаграм

Исто така, Тахири во кратките пирказни на „Инстаграм“сподели фотографија од својата елка која веќе е накитена со разни лампиони, сијалички и новогодишни декорации, а под елката се и подароците.

фото: Инстаграм

фото: Инстаграм

И македонската пејачка и придружниот вокал на Калиопи, Маја Саздановска се пофали дека веќе ја отворила новогодишната сезона.

фото: Инстаграм

Кој е следниот кој ќе ја покаже елката останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева