Албанската пејачка Аделина Тахири ужива во својот брак со познатиот македонски адвокат.
Иако нивниот брак наиде на многу критики и предрасуди, самата Аделина истакна дека нема никакви предрасуди кога љубовта е во прашање.
Аделина и Јоже се повеќе од една ипол година во брак, а нивната љубов цвета.
Тие заедно го имаат синот Џон кој го добија во август претходната година, па така оваа година нивното синче ќе наполни една година.
Аделина во секоја прилика ужива со своето семејство и во една прилика истакна дека денот најмногу го поминува со Џон и сопругот.
Таа често е активна на социјалните мрежи и објавува фотографии од нејзините активности.
Парот неодамна беше на зимување, па од таму се пофали со неколку фотографии.
Меѓутоа, она што посебно ја израдува Аделина овие деновие што нејзиното синче го доби првиот заб.
Таа по светски терк, веднаш се пофали на социјалните мрежи и објави фотографија со торта и запчиња, а во описот напиша: „Го добив првото запче“.