Радио Милева
далеку од очите на јавноста

Адел тајно се омажила: Познатата пејачка добро ja чуваше тајната, а сега потврди дека има нов сопруг (фото) 

Адел тајно се омажила: Познатата пејачка добро ja чуваше тајната, а сега потврди дека има нов сопруг (фото) 

Адел наводно го потврдила бракот со спортскиот агент Рич Пол со кој се шпекулираше дека тајно се венчале минатата година, а Адел ги подгреа овие гласин.

Во емисијата на својот добар пријател Алан Кар, пејачката Адел ја извести јавноста дека, далеку од очите на јавноста, се омажила за нејзиното момче – спортскиот агент Рич Пол.

„На прашањето дали некој се омажил неодамна, таа извикла „Јас “,  беше супер симпатична, но наеднаш исчезна од шоуто пред крајот“, изјавил изворот.

Адел, која има син со поранешниот сопруг Сајмон Конецки, ја потврди врската со Пол во 2021 година. Во интервју за списанието „Ел“ (Elle) лани, пак, таа ги отфрли тврдењата дека се венчале, по тогашните гласини.

Сепак, таа нагласи:

– Никогаш не сум била толку вљубена. Опседната сум со него!

На концерт во септември, Адел навести дека тие се венчани.

Имено, девојка од публиката ја запроси пејачката… И, тоа, се чини, не беше на шега. Но, Адел на шега одговори:

– Не можам да се оженам за тебе. Сакам мажи, драга моја, а мојот сопруг е тука вечерва… Не, не сакам да пробам ништо. Јас сум со Рич. Ти си луда, остави ме на мира!.

Додека на друг концерт во Лас Вегас, таа најави и дека сака дете, па проговори и за имиња за деца.

Фото: Принтскрин/Профимедиа

Останати вести од Радио Милева