Радио Милева

Аца Лукас вљубен до уши го одврза ќесето: Пејачот потрошил 15.000 евра за 5 дена на Капри со девојката! (ФОТО+ВИДЕО)

Аца Лукас вљубен до уши го одврза ќесето: Пејачот потрошил 15.000 евра за 5 дена на Капри со девојката! (ФОТО+ВИДЕО)

Аца Лукас и неговата вереница Јована Дорошки заминаа на краток одмор од само пет дена, за што пејачот издвоил неверојатни 15 000 евра, открива српски Курир.

Еден од најпопуларните пејачи во  регионот е преоптоварен со обврски и скоро никогаш не наоѓа време за одмор и пауза од настапите, но овој пат по секоја цена сакаше да помине барем неколку дена со својата нова девојка, со која е во врска од ова лето.

Тој го избра едно од најлуксузните одморалишта, италијанскиот остров Капри, каде цената на аранжманот во приморски хотел за двајца е 2.500 евра на ден.
„Во понеделникот тој ја повикал Јована и и рекол да се спакува бидејќи тие попладне имаа лет за Италија. Таа била шокирана од ова изненадување, но и многу среќна. За жал, тие нема да можат да останат долго, туку само пет дена. Аца го очекува концерт како дел од Фестивалот на музичка недела во Ушќе во сабота навечер, па тие ќе треба да се вратат до тогаш“ – вели нашиот извор близок до Лукас, кој нагласува дека пејачот воопшто не штедел на луксузот, како изнајмубвање на јахта, прошетки, скапи ручеци, егзотични вечери… што се на се за пет дена Лукас го чини преку 15.000 евра.

 

View this post on Instagram

 

TRAFFIC!!! ?

A post shared by ACA LUKAS (@aleksandar_vuksanovic_official) on

To top