Пејачот Аца Лукас по повод неговото учество на Беовизија 2022 одржа пресконференција.
На конференцијата пејачот ја обвини РТС кој е организатор на фестивалот за избор на претставник на Евровизија дека не сака да ги испочитува неговите услови.
На прашањето каква одлука ќе донесе во следните 24 часа, менаџерот на Лукас одговори:
-Дали ќе учествуваме или не. Зависи од тоа дали ќе ги испочитуваат барањата. Тоа што ме тужеше Оливера Ковачевиќ тоа е само притисок, но е недозволиво да не се знаат кои се членовите на жирито, изјави менаџерот на Лукас, Саша Мирковиќ.
На Мирковиќ се надоврза и Лукас кој го обвини РТС.
-Знаеме дека на некој му е понудено да биде жири и дека за тоа добиваат пари, тврди Лукас и додава:
-Oвде најголем проблем е што постојат ситни луѓе кои се борат околу тие ситни делови и сакат нешто да „зграбат“. Само нашиот клавир е поскап од сцената на РТС.
-Ако не ги откријат имињата на жирито до настапот, ние нема да се појавиме, вели Мирковиќ.
Според тврдењата на тимот на Лукас, РТС не може на сцена да го донесе клавирот кој за пејачот пристигнува од странство, а кој тежи 595 килограми.
На крајот тие открија дека клавирот сепак ќе се најде на сцената.
-Се ќе биде регуларно. Имаме сила и можности да изгледа како што треба, порачаа од тимот.
Аца Лукас откри дека и за време на фестивалот, Кија Коцкар ќе биде негов ПР.
-Најдобро потег е јас да бидам ПР бидејќи единствено Аца Лукас може да ме поднесе. Вредни сме и секогаш велам „кога ќе победиме“, а не “ако победиме“, па се надевам дека сė ќе се реши, изјави Кија.
фото: никола томиќ