Радио Милева „ова сум јас“

Аца Лукас шокираше со она што го пишува во неговата автобиографија: „Бевме во тајна врска со Ксенија Пајчин и една година зедно живеевме“! (ФОТО)

Аца Лукас шокираше со она што го пишува во неговата автобиографија: „Бевме во тајна врска со Ксенија Пајчин и една година зедно живеевме“! (ФОТО)

Пејачот Аца Лукас ја објави автобиографската книга „Ова сум јас“ во која го опиша апсењето за време на акцијата „Сабја“, средбата со членовите на Земунскиот клан и Цеца Ражнатовиќ во Централниот затвор, но исто така ги откри и деталите за неговата тајна врска со убиената пејачка Ксенија Пајчин.


„Живеевме заедно една година. Нашата врска беше тајна, но, страсна и искрена. За разлика од повеќето жени со кои бев, Ксенија не се обидуваше да ме смени. Ако некој ме замоли да ја опишам, би рекол: „Добар човек. Прекрасна , убава и несреќна. Беше многу несигурна. Седеше дома, читаше весник и гледаше телевизија и прашуваше „Како оваа успеала, а јас не направив ништо?“, напиша Лукас.

Пејачот исто така пишува дека медиумите имале погрешна слика за неа.

„Сèшто пишуваа весниците за Ксенија, меѓудругото и дека таа е тежок зависник од дрога. Беше убава, силна, пукаше од здравје! Тренираше секој ден“.

Аца Лукас откри и дека ја молел Ксенија да ја скрие врската, бидејќи во тоа време тој сè уште бил оженет со неговата втора сопруга Наташа.

„Ја замолив Ксенија само едно – да не им кажува на новинарите за нашата врска и таа го почитуваше тоа. Сонот на секој човек беше да го видат со Ксенија Пајчин. За мене беше поважно да бидам секој ден заедно со неа, отколку на насловните страници“.

Аца откри и како неговата сопруга ја открила аферата со Ксенија.

„Пеев на една тераса во Сутоморе. За време на паузата и пишав на Ксенија. Набројав што ќе и направам и што ќе ми направи во кревет. Ацо, спремна пауза“, слушнав од колегата и станав. Набрзина ја испратив пораката. Кога го зедов микрофонот, ми мина низ главата „Не е белким дека сум ја…“ Кога ја завршивме турата, го зедов мобилниот телефон и што да видам. Беше полн со пораки од истиот број. Само пцуење, клетви, па комбинација од обете“ – пишува Лукас.

Фото: Инстаграм принтскрин/aca_lukas.fp/ksenija_pajcin

To top