Аца Лукас не е повеќе од жирито на музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а на негово место е пејачот Џорџе Давид.
Во медумите се шпекулираше дека Аца Лукас не е во добри односи со сопственците во музичкото шоу. Меѓутоа, неговото појавување во „Гранд“ ги демантираше овие написи.
Имено, Аца Лукас се појави на снимањето на „Никогаш не е доцна“, каде во една емисија ќе биде член на жирито.
Аца на снимањето прозбори за неговото заминување од „Ѕвездите на Гранд“.
„Едноставно дојде до преситување. Не сакам повеќе тоа да го правам, не сакам да снимам. Сакам да сум дома да одмарам“, изјави Лукас.
Тој исто така истакна дека не ја следи новата сезона на регионалното музичко шоу бидејќи е на пат и работи.
https://www.youtube.com/watch?v=fGWe_V-RXCk