Способноста на Аце Лукас да пее во кафеана, е обратнопропорционална на неговата способност во кујната! Пејачот сакаше да си зготви нешто за вечерам, па реши да направи пица и… буквално за малку што не го запалил домот!
Познато е дека пејачот има извонредна смисла за хумор, а многу често и на сопствена сметка. Така беше и овој пат, кога тој реши да сподели со јавноста фотографија што ги шокираше неговите фанови, но и ги натера да се насмеат до солзи.
Имено, Аца призна дека никогаш повеќе нема да влезе во кујната, а потоа ги покажа своите „кулинарски вештини“, по што на сите им беше јасно зошто ја донел оваа одлука.
„Реков илјада пати – повеќе нема да влезам во кујната! Лукас, мајстор за пица“ – напишал пејачот до фотографија од целосно „јагленсаната“ пица што се обидувал да ја испече.
Некои од неговите обожаватели беа духовити, па го советуваа Лукас што да прави.
„Требаше да поставиш аларм за да те потсети да ја исклучиш рерната на време“.
Аца имаше подготвен одговор на тоа.
„Алармот се вклучи, но алармот за пожар“ – напиша Лукас.