Радио Милева

Аца Лукас на соседите им приреди нешто кое ќе го паметат засекогаш (видео)

Аца Лукас на соседите им приреди нешто кое ќе го паметат засекогаш (видео)

Аца Лукас направи вистинско изненадување за соседите, случајно, седна на пијаното и ја остави вратата од терасата отворена.

Пејачот ги воодушеви соседите и им одржа концерт кој траел повеќе од два часа.

„Благодарам, соседи! Денес, попладне седам сам, малку се напив и после долго време седнав да свирам на пијано. Една песна, друга песна … Кога … Не ја затворив вратата од терасата! Добро што не дојде полицијата?! Станав да ја затворам вратата кога ќе чујам: ‘Ајде, Ацо, сакаме повеќе. За ова не треба двапати да ми се каже! Следните два, три часа уживав да сцирам за мојата душа, не знаете, нема ништо подобро отколку кога свирите музика за своја душа, а знаете дека некој ве слуша! Благодарам соседи што ми дозволивте денес да се потврдам себеси по долго време дека не погрешив за изборот на ваков тип на живот! “, напиша Лукас, додавајќи:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ACA LUKAS (@aleksandar_vuksanovic_official) on

“Се надевам дека ви беше убаво! Ако се согласите, всушност не треба да се согласите, повторно ќе се вратам некаде после 6 часот попладне! Овој пат на истата тераса, но со целиот бенд и целосниот звучен систем, ќе пеам повторно и свирам за мојата душа! Некои луѓе го прават тоа на интернет за по некој лајк. Јас во понеделник ќе пеам за сите нас кои се бориме да ја преживееме оваа ужасна епидемија, пеам особено за оние кои до последниот атом се борат да не сочуваат, излечат и да ни олеснат и нив ќе ги поздравиме во понедлник во 20 часот. Ќе пееме во сеќавање и за сите починати. Ќе пееме за да покажаме на себе и на сите дека веруваме во иднина! – пишува Аца Лукас кој со овој опис најави дека ќе пее за соседите и сите кои го следат на Инсатграм.

To top