За разлика од претходните години, фолкерот Аца Лукас 50-от роденден го прослави во интимна атмосфера. Иако, неколу години наназад практикуваше својот роденден да го слави со 20 000 фанови во „Штарк Арена“ , Лукас одлучи овој пат да го прослави во кругот на најблиските.
На прославата се појави неговото семејство, а пејачот на социјалните мрежи објави неколку фотографии и покажа дел од атмосферата.
„Најдраги и единствени гости денес“, напиша Лукас, а на фотографијата се неговите синови и ќерки, внуката, како и Софија Шашиќ ќерката на Соња Вуксановиќ од првиот брак.