Пејачот Аца Лукас подготвил песна за Евровизија 2022 година, а сега проговори за самото музичко натпреварување.
-Мене никој не ми гарантира дека ќе бидам победник, но сум сигурен дека тоа ќе се случи. Со соработниците подготвив добра песна. Имам многу хитови во својата кариера, но кога ја слушнав оваа песна може да кажам дека е една од најдобрите во мојата кариера, вели Лукас.
-Ќе видиме како ќе гласат жирито и публиката, но јас немам конкуренција. Гледам дека има неколку фаворити, меѓу кои и Гоца Тржан, но зошто луѓето упорно ја форсираат Сара Јо. Која е таа? Еве ве прашувам која е таа пејачка? Како ќе ја претставува нашата држава на Евровизија? Пратете ме мене на Евровизија, па ќе видите како ќе гласа дијаспората. Верувам дека пола луѓе од Србија и регионот нема да дадат ни 12 поени за Сара бидејќи не ја знаат. Да се разбереме, јас немам ништо против неа, но која е таа ми биде конкуренција?, вели Лукас.
Инаку, и Тијана Дапчевиќ ќе ја учествува на „Беовизија“ каде што ќе се бира кој ќе ја претставува Србија на Евровизија.
фото: Zorana Jevtić, Ana Paunkovićprintscreen/instagram/acaukas/sarajo