Радио Милева

Водителката на „Балканска улица“, Весна Дедиќ влегува во „Задруга 3“ – еве колку ќе изнесува нејзиниот хонорар

Водителката на „Балканска улица“, Весна Дедиќ влегува во „Задруга 3“  – еве колку ќе изнесува нејзиниот хонорар
фото: принтскрин

Водителката на долгодишната емисија „Балканска улица“, Весна Дедиќ  која неодамна ја напушти својата матична куќа РТС каде што работеше 29 години сега влегува во „Задруга 3“ ексклузивно дознава ало.рс

Имено, наводно, главните луѓе на „Пинк“ и понудиле огромен хонорар кој не можела да го одбие.

„Весна за една недела во Шимановци ќе добие колку што изнесуваше нејзината плата на РТС односно 500 евра. Значи, за еден месец таа ќе заработи 2000 евра“ извор за „Ало“.

фото: принтскрин

Според изворот, Весна првпат одбила да влезе во „Задруга“, но потоа се предомислила.

„Весна моментално е невработена. Откако даде отказ на РТС одлучи да се посвети на своето училиште за новинарство, но и на други професионални активности. Меѓутоа, бидејќи е вонредна состојба поради коронавирусот, Весна мораше да одложи се и ја прифати понудата на Жељко“ тврди изворот и додава:

„На тој начин не само што ќе заработува, туку нема да биде сама во својот дом затоа што нејзината ќерка Ленка е во Лондон“.

фото: инстаграм

Весна на прашањето дали влегува во „Задруга“ одговорила таинствено.

„Јас неодамна излегов од РТС, а се чувствувам како да излегов од Фарма. Ме дочека вонредна ситуација и се чувствувам како да сум влегла во „Големиот брат“. И сега да ме префрлат во „Задруга“ нема да почувствувам промена“ изјави Весна за „ало.рс“.

Дали Дедиќ ќе влезе во реалното шоу останува да видиме.

Останати вести од Радио Милева