Почетокот на месец март беше јасен сигнал за старт на пролетната припрема на градините.
ТВ водителката Билјана Дебарлиева преку социјалните мрежи откри дека има викендичка во Скопска Црна Гора која е бегство од градот кон планина, за релаксација и уживање во природата и убавиот воздух.
Дебарлиева редовно ја гледаме во префинети дамски изданија пред камери, но овој пат таа понуди можност да ја видиме доста поразлична и да ѕирнеме во нејзиниот мал приватен рај на вкендичката која е излез од секојдневието и градската џунгла.
Модерна градинарка, лежерна и во комфорно издание за работа, но сепак со моден идентитет кој соодветствува на нејзиниот визуелен израз на кој сме навикнале.
Откако ги исчисти сите остатоци на градината оставени од зимата и тоа во друштво на трите кучиња, градината за претстојната сезона е подговтвена за сеидба на нови зелени растенија и цвеќиња по вкус на познатата водителка.
Кефето во дворче сигурно ќе се пие со уште поголемо задоволство кога се’ околу ќе грее од убаво!
фото:Facebook/ Билјана Дебарлиева