Промотер

„Академци“ и Наум Петрески имаат заедничка… „Маалска“ песна (ВИДЕО)

„Академци“ и Наум Петрески имаат заедничка… „Маалска“ песна (ВИДЕО)

Кога ќе се спојат мајстори во музиката како што се членовите на групата „Академци“ и македонската фолк легенда, единствениот Наум Петрески, тогаш публиката сигурно треба да очекува нешто навистина квалитетно и убаво за душа.

Имено, при крајот на минатата година, „Академци“ и Петрески, работеа на заедничката песна и видеоспотот за неа, која носи интересен наслов – „Маалска“.

Автор на музиката и стиховите е тапанарот на групата Даме Коларовски, а снимањето на спотот го реализираа Дејан Геогриев и неговата „Арт Продукција“ на неколку локации, меѓу кои хотел ресторанот „New Star“  и ресторанот „Кај Науме“. Интересно е тоа што како специјален гостин на гитара се појавува познатиот фанк-џез гитарист Димитар Кочев.

Вие можете низ фотографиите и видеото да видите како помина снимањето и како изгледеа финалната верзија на спотот и секако да ја преслушате „Маалска“ песна на „Академци“ и Наум Петрески во продолжение:

 

 

 

To top