Поминаа два месеци од завршувањето на последната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ и прогласувањето на убавата и талентирана Џејла Рамовиќ за победник во музичкото шоу.
Популарноста на финалистите кои успеаја да се изборат меѓу најдобрите, допрва доаѓа, а речиси секој од нив денес е ангажиран со настапи пред регионалната публика.
Секако, и по финалето, тоа најмногу и појде одрака на Џејла која е обожувана од сите. Ја сака публиката ама ја сакаат и нејзините поранешни конкуренти, а сегашни колеги и пријатели.
Еден од оние кои ја почитуваат работата на Џејла и приватно како личност, е нашиот Огнен Здравковски кој имаше доста прилики да се зближи со Џејла, бидејќи беа заедно во групата на менторката Марија Шерифовиќ.
Беа заедно и во Париз, а иако километарски се оддалечени, тие одржуваат конекција и го негуваат пријателството.
Џејла Рамовиќ секојдневно е активна на Инстаграм, а нејзината најнова фотографија на која имресионира со својата убавина, имун за коментар не остана ниту Огнен.
Тој симболично и остави неколку срценца, а и таа му возврати во иста мера.
Дека пријателството им цвета, е повеќе од јасно, но дали можеби оваа близина и срценца ќе вродат со нешто повеќе, најдобро знаат саамите.