Радио Милева

Фотографиите од „пред и потоа“ на Кејт Мидлтон ги изненадија сите: Војвотката го коригираше лицето со ботокс (фото)

Фотографиите од „пред и потоа“ на Кејт Мидлтон ги изненадија сите: Војвотката го коригираше лицето со ботокс (фото)

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, каде и да се појави секогаш е во фокусот на вниманието, а посебно доаѓа до израз нејзината префинетост, стил и природен изглед.

Меѓутоа, сега една фотографија, покрена лавина гласини дека не е се како што изгледа, односно дека Кејт се решила да го следи светскиот тренд за естетска корекција на лицето. Докторот Моунир Сомиј, објави фо

тографија на Инстаграм од својата клиника на која се наоѓа Кејт од пред и после потенцијалниот зафат на нејзиното лице.

-Нашата Кејт сака малку „бејби“ ботокс. На фотографијата „пред“ изгледа уморно и на лицето се гледаат брчки. На следната „потоа“, лицето изгледа мазно и блеска. Погледнете ги ситните брчки на челото, но и на делот меѓу веѓите, пишува докторот.

Оваа вест прилично ја изненади јавноста, што ги натера одговорните од палатата да се огласат во име на кралското семејство. Тие се категорични дека тоа не е вистина.

Дали станува збор за естетска корекција или само коригирана фотографија, проценете самите.

фото:гуливер/гети

To top