Пејачката Наташа Беквалац доживеала вистинска драма во Црна Гора.
Имено, таа цел јули го помина работно на Црногорското приморје, а кога имала слободно време се враќала во Белград да ги види децата.
Меѓутоа, пејачката се соочила со здравстени проблеми, па морала да оди на снимање и да прима терапија.
„Имаше концерти неколку дена по ред. Последниот настап го имаше во Игал. Беше фантастично, но кога се врати во Рафаиловиќ поради уморот колабирилаше и заврши на инфузија“ вели извор за „Свет“ и додава:
„По инфузијата докторот ја советуваше да одмара, да ја сними главата и да направи анализи за крв. После тоа, таа зема карта за Белград и се врати порано од планираното. Додека ги чека резултатите од лабараторија, Наташа е во Нови сад“ вели изворот.
Инаку, докторите и рекле ако се чувствува подобро, може да се врати во Црна Гора и да продолжи со настапите.