Радио Милева

Сопругата на Оливер Драгојевиќ проговори една година по смртта на пејачот: „Не можам да гледам каде зборува за нешто приватно…нема шанси“

Сопругата на Оливер Драгојевиќ проговори една година по смртта на пејачот: „Не можам да гледам каде зборува за нешто приватно…нема шанси“

Вдовицата на музичката легенда Оливер Драгојевиќ беше поканета на документарниот филм  “OLIVERovih 70” кој премиерно беше прикажан на затварањето на Пулскиот филмски фестивал.

Весна Драгојевиќ немал сили да присуствува на примиерата бидејќи како што вели се уште и тешко да се сеќава на сопругот со кога беше во брак околу пет децении.

фото: ата имагес/фејсбук

„Ме поканија во Пула, но им кажав:„Можам да дојдам и да седнам во прв ред….И што ќе правам? Да гледам во подот?Видов неколку секунди од филмот  и се откажав, едноставно не можев понатаму. Можам да гледам негови фотографи, спотови…Но, кога тој зборува нешто приватно… Нема шанси“ вели Весна и додава:

“Не знам кога ќе го гледам филмот, го имам дома, но никој не го гледал. Станува збор за неговиот последен концерт, тој беше болен, а никој од нас не знаеше. И сега да го слушам како зборува….Не знам дали чувствувал нешто, ништо ми нема кажано…Сега тоа звучи како да знаел се и како да го прифатил тоа“ вели сопругата на Драгојевиќ.

На годишнината од смртта на Оливер во негова чест ќе биде одржен концерт „Траг у бескрају“  во Велој Луци на Корчила каде што бил и погребен.

To top