Јелена Карлеуша и Душко Тоишиќ често се во центарот на вниманието и може да ги видиме на насловните страници во медиумите.
Претходно беа присутни поради аферата на Карлеуша со Огњен Врањеш и дека парот наводно се разведува.
Изгледа дека Тошиќ одлучил да и ја прости прељубата на Јелена. Таа моментално се наоѓа во Кина каде што е и нејзиниот сопруг.
Тој и купил електричен автомобил „тесла х“ кој чини 140 000 евра, пишува курир.рс
Јелена и Душко не се видеа еден месец, од неговото последно доаѓање во Белград.
Се се променило кога пејачката пред неколку дена заедно со ќерките заминала во Кина.
Според пишувањата во медиумите, Јелена и Душко се договориле да не разговаат за скандалите.
„Душко одлучи своето семејство да го израдува со автомобил од 140 000 евра. Сите заедно посетија салон за автомобили. На Атина и Ника им се допадна тоа што вратите на автомобилот се отвараат во вис, а во светот тоа е познато како „галебова крила“, а Јелена одлучи автомобилот да биде во бела боја“ тврди изворот.