Радио Милева

Нова естрадна војна? Раста со една објава ја прозва Јелена Карлеуша

Нова естрадна војна? Раста со една објава ја прозва Јелена Карлеуша

Стефан Ѓуришиќ Раста на својот Инстаграм профил објави принтскрин од својот концерт во Арена во 2015 година и настапот на Јелена Карлеуша на фестивалот „Влез“ пред две години.

„Не би рекол дека јас некој сум ископирал. Донесов нов правец, нова музика, иновации во секоја смисла. Поклоните се и почнете да учите“ напиша Раста.

На овие негови зборови не остана должен најдобар пријател и ПР на Јелена Карлеша.

„Не баш. Не го измисливме ние пројекторот, не го ни измисли ни ти. Без лоши вибрации, секое добро“ напиша соработникот на Јелена.

фото: Принтскрин/инстаграм

Ни раперот не остана должен, па веднаш одговори  дека неговата објава се однесува на фановите кои го нападнале бидејќи ја прозвал Емина Јаховиќ.

„Јас се обратувам на новинарите кои не ми дозволуваат да ја критикувам новата неавтентична песна на Емина, бидејќи и јас сум го „копирал настапот на ЈК“. Значи се согласија дека е копија,  и јас сум копија. Токму за тоа зборувам, но ќе се согласиме – јас сум творец на новиот музички правец и секако дека имам кредибилитет да го повторам она што е напишано под песната. Почит брате, без лоши емоции“ одговори Раста.

За потсетување, Раста неодамна ја критикуваше новата песна на Емина.

To top