Евровизиската песна „Proud“ на Тамара Тодевска уште кога беше објавена наиде на позитивни коментари од страна на публиката, а на „Јутуб“ има повеќе од еден милион прегледи.
Од друга страна се појавија и многу кавери верзии на „Proud“ кои се трудеа да ја отпејаат најдобро што можат.
Македонската учесничка во „Пинкови ѕвездички – алл старс“, Антониа Гиговска во самото финале се претстави со „Porud“ и наиде на многу позитивни коментари.
Еден од најдобрите женски вокали Анета Мицевска нема песна која не знае и не може да ја отпее.
Така беше и со „Proud“ која ја отпеја на еден настан, но доб негативни коментари дека не пее во живо…
Анета одлучи да ја реши дилемата и да стави крај на приказните дека пее во живо.
На фан страницата на групата Молика е објавено видео каде Анета во живот ја пее „Proud“, а во описот на видеото стои:
„Пред некое време на еден наш настап нашето славејче Анета ја испеа песната „Proud“ во живо, па од тука имаше многу позитивни ама имаше и негативни коментари кои тврдеа дека не е во живо, па дека пее Тамара итн. Бевме приморани да ви докажеме дека Анета не пее на „плејбек“. Поздрав“.
Слушнете како Анета ја пее евровизиската песна.