Пејачот на групата „Магла бенд“ вчера, 21 јули, стана татко, откако неговата девојка се породи.
Пејачот Владан Савиќ денеска стана татко, а радосната вест ја дознал во Ниш додека патувал со бендот и веднаш ја споделил со фановите.
Гордата мајка и бебето се чувствуват добро, а на сопцијалните мрежи осамна и првата фотографија од мама Јована и малата Анѓелија.
Јована не ја симнува насмевката од лицето и постојано ја гушка малата ќеркичка бакнувајќи ја во главчето на кое, иако тукушто родена, малечката има значителна коса.
Инаку за потсетување, Јована Јоциќ пред да влезе во врска со Владан Савиќ, му беше девојка на Саша Ковачевиќ. Откако нивната врска заврши како „ветер во магла“, манекенката почна да се забавува со пејачот на групата „Магла бенд“.