Пејачката Мадона не сака многу да зборува за нејзиниот однос со татко и, кој станувал се полош и полош.
Имено, како што пишуваат странските медиуми, бидејќи мајка и на Мадона умрела од рак, Силвио Ентони Чикон се ожени по вторпат и тоа со нивната куќна помошничка.
По смртта на нејзината мајка Мадона утеха наоѓала кај нејзините баба и дедо, а била многу поврзана и со нејзиниот татко.
Меѓутоа, на неа не и се допаднало тоа што нејзиниот татко повторно се преженил.
Силвио со помошничката ја добил ќерката Џенифер и синот Марио, а односот со Мадона со текот на годините станал се полош.
Странските медиуми пишуваа дека Мадона не разговара со нејзиниот татко.
Наводно другиот брак таа никогаш не му го простила.