Радио Милева

„Родителите на Тања Савиќ од срам не излегуваат од дома“: Соседите проговорија за сопругот на пејачката

„Родителите на Тања Савиќ од срам не излегуваат од дома“: Соседите проговорија за сопругот на пејачката

Родителите на Тања Савиќ, Живана и Синиша Савиќ тешко поднесуваат затоа што наводно нивниот зет се наоѓа во специјализирана клиника за одвикнување од дрога.

Во Радинац сите го знаат семејството на популарната пејачка. Како што пренесува курир.рс соседите и граѓаните проговориле за проблемот на сопругот на Тања.

Како што пренесува курир.рс соседите на Тања во неформален разговор зборувале за проблемите на сопругот на пејачката, но пред камерите не сакале да разговаат за тоа бидејќи не сакале да имат проблеми со Савиќ.

фото: драган кадиќ

„Леле, немојте, не ни треба на нас тоа. Потоа ќе не мразат Синиша и Живана, и Тања ќе се лути. Знаеме се, јас оттогаш ги немам видено нејзините родители, што да ги прашам. Кутрите луѓе. Често некои проблеми со тој зет. Од срам не смеат да излезат на улица. Не е пријатно, дрогата е опасна, којзнае што уште може да се случи. Ми е жал за Тања, секогаш беше добра девојка и чесна девојка. Судбина“ вели една постара госпоѓа за курир.рс

Екипата тргнала до домот на Савиќ која се наоѓа на врвот од брдото.

фото: Курир

„Добар ден, дали ова е куќата на Тања Савиќ, дали сте вие мајката на Тања?, прашале новинарите, на што сосетката одговорила:

„Не, не, не сум мајка на Тања. Ништо не знам, не ме прашувајте мене. Не се дома, нема да се вратат денес. Не губете време. Морам да одам дома“ вели една сосетка.

Еден роднина на Тања замолил да си заминат бидејќи Тања не сакала медиумско внимание.

фото: Курир

„Пред да оди на одмор, Тања беше овде со децата. Кој ви кажа дека Душан се дрогира? Јас не знам за тоа, не е точно.Но, не сакам ништо да зборувам, не знам ништо за тоа“ вели роднината на Савиќ.

Други мештани изјавиле дека семејството на Савиќ е дома, но дека не сака да излегува од дома.

„Тука се, не сакат да излезат. Нејзиниот татко работи приватно, тој можеби не е дома. Но, тука е братот на Тања, гледате дека неговиот автомобил е во дворот. И Живина, мајката на Тања е дома.Не сакаат да зборуваат со новинарите. Ниту со нас не сакаат да зборуваат за проблемите со Тања“ велат соседите.

За потсетување, неодамна се појавија вести дека наводно сопругот на Савиќ се дрогира и е на лекување.

To top